Струмички тест за Металург
Ако има екипа што може да им ги помати сметките во домашното првенство на Вардар и на Металург, тоа секако е Зомимак. Затоа гостувањата на фаворитите во Струмица ќе и дадат белег на Супер лигата во нашиот ракометен шампионат.

Металург денеска ќе истрча во салата „Парк“. По високиот пораз од Кил во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, составот од Автокоманда може да се насочи кон двата домашни фронта. Со оглед на околностите, математиката е јасна, и за Вардар и за Металург. Големите скопски ривали треба да ги добијат осумте суперлигашки средби, а со тоа да овозможат за титулата да решаваат во двете меѓусебни пресметки. Оттука, целта на Металург е јасна, Зомимак, пак, е во позиција да игра без особено психолошко оптоварување. Третото место во првенството не му е однапред обезбедено, но доколку успее да им откине бод на Вардар или на Металург, тогаш ќе го одбие нападот на Пелистер, кој се чини дека му е единствен ривал.
Преносот од натпреварот Зомимак – Металург е на Собранискиот сервис на МРТ, денеска од 18 часот.