Македонија

Народниот правобранител констатира слабости во образовниот процес

30.09.2022 15:55

Недостиг од учебници или користење оштетени во наставата, недоволна грижа за менталното здравје на учениците, немањето образовни асистенти за учениците со попречености во средните училишта и влијанието на енергетската криза врз работата на училишта се нотирани во информацијата на Народниот правобранител...

Недостиг од учебници или користење оштетени во наставата, недоволна грижа за менталното здравје на учениците, немањето образовни асистенти за учениците со попречености во средните училишта и влијанието на енергетската криза врз работата на училишта се нотирани во информацијата на Народниот правобранител за констатираните слабости при остварувањето на правото на образование и спроведувањето на воспитно-образованиот процес во основните и средните училишта во земјава, која е доставена до Министерството за образование и наука.

Укажауваат на актуелниот Закон за учебници, според кој учебникот може да биде во употреба пет учебни години, освен оние во кои има содржини кои ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење, како и учебниците за прво, второ и трето одделение.