Најголем број од азилантите во Македонија доаѓаат преку Грција
Петнаесет лица од Сомалија, Сирија и Авганистан се зaдржани во центарот за странци во Скопје. Тројца македонци и еден грчки државјанин им помагале преку Грција и Македонија да заминат во западноевропските земји.
Македонија постојано се соочува со проблеми при повратот на мигрантите во Грција, од кадешто ја преминуваат нашата граница во 99 насто од случаите.

„Во последно време се бележи подобрување на квалитетот на комуникација во однос на спроведување на постапките за реадмисија. Сепак можам да констатирам дека соработката со Гриција не е на посакуваното ниво и не е на она ниво што го имаме со останатите земји- соседи“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Голем дел од мигрантите кои се или ќе бидат приведени во земјава, бараат азил. Оваа година во прифатниот центар за странци биле сместени вкупно 114 лица, најмногу од Сирија, Авганистан и од Албанија.
Во моментов во прифатниот центар за странци се згрижени 70 лица, меѓу нив има и четири деца.
Андријана Атанасовска