Македонија

Собранието изгласа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска ене

30.09.2022 17:38

Собранието го изгласа продолжувањето на рокот на кризните состојби заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и заради недостиг на топлинска енергија во Скопје...

Собранието го изгласа продолжувањето на рокот на кризните состојби заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и заради недостиг на топлинска енергија во Скопје.

Пратениците со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, го изгласаа продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, а со 86 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, беше изгласана предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Со кризната состојба на Владата ѝ се дава можност полесно да набавува струја, да ограничува потрошувачка или, ако треба, да воведе рестрикции.