Собрание

Продолжена кризната состојба во енергетиката

30.09.2022 18:49

Енергетската кризна состојба продолжена до 30-ти април наредната година. Во Собранието се судрија мислењата на власта и опозицијата, која бара јавност во тендерите. Власта ветува дека ќе биде јавно објавена одлуката за избраната понуда во овој чувствителен и профитабилен сектор…

Со 83 гласа „за“ пратениците ја усвоија предлог-одлуката за продолжување на енергетската криза до 30-ти април 2023-та година.

Иако пратениците генерално немаа спротивставени ставови за потребата за продолжување на енергетската криза, нивните дискусии се движеа од обвинувања од опозицијата дека власта нема план, ниту анализа за тоа колку продолжувањето на кризата ќе ги чини граѓаните, до тврдењата на власта за почитување на јавноста при набавките.

Опозицијата ја поддржа власта, но побара отчет за тоа како ќе се трошат народните пари бидејќи сметаат дека продолжувањето на кризата овозможува преговори без јавни тендери. Понуди и предлози и контакти на компании од Западна Европа кои би ја снабдувале Македонија со енергенси со цена пониска од берзанската.

Лично ќе се сретнам и разговарам со Мицкоски, министерот за економија со отворена покана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Бектеши рече дека во време на криза треба да се надминеме себеси, да не ја политизираме и онака лошата состојба.

Пратениците со 86 гласови „за“ ја усвоија и предлог одлуката за прогласување на криза во областа на топлинската енергија.

Марина Стојанова-Тонева