НАТО

Столтенберг: Нема да престане воената поддршка за Украина

30.09.2022 19:43

Столтенберг рече дека анексијата на Херсон, Запорижје, Доњецк и Луганск од страна на Русија е најголемиот обид за насилна анексија на територија во Европа од втора светска војна...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес- конференција попладнево соопшти дека нема да престане воената поддршка за Украина.

Столтенберг рече дека анексијата на Херсон, Запорижје, Доњецк и Луганск од страна на Русија е најголемиот обид за насилна анексија на територија во Европа од втора светска војна.

Со ова и со делумната воена мобилизација, како и нуклеарните закани на рускиот претседател Путин, постигната е најголемата ескалација од почетокот на воената агресија на Русија врз Украина, на 24-ти февруари оваа година.

НАТО и земјите членки ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, вклучително и во враќањето на анектираните територии, рече Столтенберг.