САД

Бајден: Ќе ја браниме територијата на НАТО

01.10.2022 09:55

Рускиот претседател Владимир Путин претходно, вети дека ќе ги брани анектираните украински региони со сите потребни средства. Столтенберг, пак, кажа дека одлуката на Путин за анексија е најсериозната ескалација на конфликтот откако Русија ја нападна Украина во февруари...

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека „Соединетите Американски Држави се спремни да го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО“.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно, вети дека ќе ги брани анектираните украински региони со сите потребни средства.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, пак, кажа дека одлуката на Путин за анексија е најсериозната ескалација на конфликтот откако Русија ја нападна Украина во февруари. Американскиот конгрес одобри помош од 12,3 милијарди долари за Украина во бори против руската инвазија.