Пјонгјанг

Северна Кореја истрела балистички ракети

01.10.2022 10:24

Лансирањето доаѓа откако САД и Јужна Кореја ја одржаа најголема заедничка воена вежба во последните пет години. Советот за безбедност на ОН одамна ги забрани севернокорејските нуклеарни проби и лансирањето на балистички ракети...

Северна Кореја истрела непознат тип балистичка ракета кон нејзиниот источен брег, по четврти пат за една недела и ги зголеми тензиите на корејскиот полуостров.

Лансирањето доаѓа откако САД и Јужна Кореја ја одржаа најголема заедничка воена вежба во последните пет години. Советот за безбедност на ОН одамна ги забрани севернокорејските нуклеарни проби и лансирањето на балистички ракети.