Свет

Во Бугарија утре парламентарни избори

01.10.2022 12:56

Бугарите утре ќе излезат на четвртите избори, за помалку од две години. Претпоставките се дека зимава ги чека недостиг поради зголемената инфлација поради војната во Украина...

Бугарите утре ќе излезат на четвртите избори, за помалку од две години. Претпоставките се дека зимава ги чека недостиг поради зголемената инфлација поради војната во Украина. Поради тоа многумина со нетрпение очекуваат добра влада и стабилност, по неколку години на политичките превирања.

Се очекува жестоките коалициски разговори да траат долго, по изборите на 2-ри октомври, поради длабоката поделеност во политичката елита околу тоа, како да се искорени длабоко вкоренетата корупција и неуспехот на помал број нови партии да изградат одржлива база на гласачи.