Свет

Протест по смртоносниот бомбашки напад во Авганистан

01.10.2022 18:25

Неколку десетици Авганистанци, главно жени, излегоа на протести, еден ден по самоубиствениот бомбашки напад во кој загинаа десетици лица, најмногу од нив ученички кои се подготвувале за приемните испити на универзитетот во Кабул...

Неколку десетици Авганистанци, главно жени, излегоа на протести, еден ден по самоубиствениот бомбашки напад во кој загинаа десетици лица, најмногу од нив ученички кои се подготвувале за приемните испити на универзитетот во Кабул.

Повеќето од жртвите биле од малцинската заедница Хазара, главно шиитско муслиманско етничко малцинство кое е цел на брутални напади во последниве години.