Временска прогноза
Сончево време со мала до умерена облачност
02.10.2022 09:23
Во утринските часови променливо облачно со слаб локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер...

Во утринските часови променливо облачно со слаб локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.
