Денеска се одржува „Скопскиот маратон“, учествуваат над 8.500 натпреварувачи
„Скопскиот маратон“ годинава има измената рута која се движи од центарот на Скопје, до населбата Хром, по што рутата се враќа назад до центарот на градот преку булеварите „Трета македонска бригада“, „Србија“ и „Јане Сандански“...

Во главниот град денеска се одржува „Скопскиот маратон“. Учествуваат над 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави. Стартот на маратонот, полумаратонот, штафетната маратонска трка, како и трката на пет километри е пред Собранието, а целта на сите трки е на плоштадот „Македонија“.
Скопскиот маратон годинава има измената рута која се движи од центарот на Скопје, до населбата Хром, по што рутата се враќа назад до центарот на градот преку булеварите „Трета македонска бригада“, „Србија“ и „Јане Сандански“.
Поради одржување на маратонот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на град Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информираат од Министерството за внатрешни работи.
