Бугарија
Бугарите денеска на парламентарни избори, четврти за неполни две години
02.10.2022 10:29
Според анкетите, бугарската централно-десничарска партија „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), ја зголеми предноста во однос на својот главен ривал, реформистичката партија „Продолжуваме со промени“ (ПП)...

Во Бугарија денеска се одржуваат парламентарни избори, четврти за неполни две години. Според анкетите, бугарската централно-десничарска партија „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), ја зголеми предноста во однос на својот главен ривал, реформистичката партија „Продолжуваме со промени“ (ПП).
Изборите се очекува да резултираат со поделен Парламент со најмногу осум политички партии. Ниту една партија нема да има мнозинство, што ќе значи дека ќе има тешки преговори за формирање владејачка коалиција.
