Македонија
Бесплатен градски превоз за студентите од државните факултети
02.10.2022 11:43
Процедурата за издавање на билетот се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП. Заверувањето на годишниот билет за студентите од погорните години за наредната календарска година се врши со приложување на потврда за редовен студент...

Сите редовно запишани студенти на некои од државните факултети во Скопје имаат право на користење на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавниот превоз. Процедурата за издавање на билетот се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП.
Заверувањето на годишниот билет за студентите од погорните години за наредната календарска година се врши со приложување на потврда за редовен студент, не постара од еден месец и индекс со запишан зимски семестар.
Тања Сарандеска
