Ристо Пенов- предлог на ЛДП за нов министер за локална самоуправа
Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов е предлогот на ЛДП за нов министер за локална самоуправа, откако Горан Милевски поднесе оставка. Пенов беше прв човек на Скопје во два мандата од 1996-та до 2005-та година...

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов е предлогот на ЛДП за нов министер за локална самоуправа, откако Горан Милевски поднесе оставка. Пенов беше прв човек на Скопје во два мандата од 1996-та до 2005-та година.
Централниот одбор на партијата на синоќешната седница ја разгледал оставката на Милевски и му се заблагодарил за неговиот ангажман и успешно менаџирање на ресорот како и за придонесот што го дал за регионалниот развој на државата.
Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница го прифатил и предлогот на Извршниот одбор за започнување со подготовки за одржување на редовното Собрание на партијата.
