Со концертот „Зорнина“ започнува новата сезона на Филхаморнија
Сезоната се отвора со концертот насловен „Зорнина“ на кој како солисти ќе настапат пијанистите Алексеј Володин и Едит Пења. Диригент е Гудни А. Емилсон од Исланд, а на програмата се дела од Волфганг Амадеус Моцарт - Концертот за пијано и оркестар бр. 23 во А-дур, Концертот за пијано и оркестар бр. 20 во де мол, Концертот за две пијана и оркестар бр. 10 во Ес-дур и увертирата од операта „Свадбата на Фигаро“.

Во четврток, со почеток во 20 часот се отвора новата концертна сезона на оркестарот на Филхармонија, насловена „Дамар на слободата“.
Сезоната се отвора со концертот насловен „Зорнина“ на кој како солисти ќе настапат пијанистите Алексеј Володин и Едит Пења. Диригент е Гудни А. Емилсон од Исланд, а на програмата се дела од Волфганг Амадеус Моцарт - Концертот за пијано и оркестар бр. 23 во А-дур, Концертот за пијано и оркестар бр. 20 во де мол, Концертот за две пијана и оркестар бр. 10 во Ес-дур и увертирата од операта „Свадбата на Фигаро“.
Алексеј Володин се смета за еден од најсилните претставници на руската пијанистичка школа и за инструменталист од елитата на светскиот пијанизам, кој редовно настапува со престижни оркестри како Њујоршката филхармонија, Оркестарот на театарот „Марински“, Лондонскиот симфониски оркестар и диригенти од рангот на Валериј Гергиев, Владимир Федосејев, Марк Албрехт и Семјон Бичов. Неговите изведби критичарите ги опишуваат како „сензационални“, „исклучително енергични“.
Едит Пења редовно настапува како солистка со оркестарот „Симон Боливар“ од Венецуела, а исто така и како рецитален и соло пијанист со оркестри во Германија, Австрија, Полска, Франција, САД, Мексико, Перу, Доминиканска Република, Шпанија, Велика Британија и Канада. Во моментов живее во Мадрид од каде патува на светските концертни подиуми.
Гудни А. Емилсон како диригент настапува со водечки светски оркестри како Филхармонијата на Штутгарт, Симфонискиот оркестар на Нирнберг, Симфонискиот оркестар на Гетинген, Камерниот оркестар на Манхајм, Симфонискиот оркестар на универзитетот во Лајпциг и Северно- германската филхармонија. Како диригент настапил и со оркестри во Црна Гора, Бугарија, Грција, Чешка, Унгарија, Полска, Австрија. Надвор од Европа бил поканет како гостин- диригент да го води Арктичкиот камерен оркестар (САД), оркестарот „Сеси“ (Бразил)... Од 2000 до 2004 година тој е шеф-диригент на камерниот оркестар „Сук“ од Прага. Од 2005 година е шеф-диригент на Симфонискиот оркестар на Тајланд.
