Десничарите ГЕРБ победници на изборите во Бугарија
Бугарите вчера гласаа на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна влада поради длабоките поделби во политичката елита...

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија со 25,4 насто гласови. Центристичката „Продолжуваме со промените“ е на второ место со 20,2 проценти.
Конечните официјални резултати, кои ќе ги содржат и гласачките ливчиња од странство, се очекуваат в четврток.
Бугарите вчера гласаа на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна влада поради длабоките поделби во политичката елита.
По затворањето на гласачките места, Борисов најави отвореност за разговори со сите партии.
