Низа грешки довеле до превртување на јужнокорејскиот траект
22.04.2014 17:14
Капетанот и првите офицери се обвинети за убиство од невнимание...

Jужнокорејскиот траект кој се преврте со речиси 500 патници во моментот на несреќата го управувал неискусниот 26-годишен трет офицер.
Низа грешки довеле до трагедијата - капетанот не бил на мостот, евакуацијата била наредена предоцна, а чамците за спасување непристапни.
Капетанот и првите офицери се обвинети за убиство од невнимание.
До сега се извлечени телата на 104 патници, главно деца.
