Бразил
Лула со повеќе гласови од Болсонаро
03.10.2022 10:02
Изборите ќе бидат одлучени на 30-ти октомври, во вториот круг...

Во првиот круг на претседателските избори во Бразил ни актуелниот претседател Болсонаро, ниту предизвикувачот, бившиот претседател Да Силва не добија повеќе од 50 проценти од гласовите.
Изборите ќе бидат одлучени на 30-ти октомври, во вториот круг. Болсонаро пред изборите поттикнуваше стравови дека нема да ги признае резултатите од гласањето.
Бразил во мај одби присуство на набљудувачки тим на ЕУ на изборите.
