27 години од атентатот врз Киро Глигоров
27 години од атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров. На 3-ти октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути, експлодираше бомба во паркираниот автомобил „АМИ 8“ на улица „Македонија“ пред хотелот Бристол...

27 години од атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров. На 3-ти октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути, експлодираше бомба во паркираниот автомобил „АМИ 8“ на улица „Македонија“ пред хотелот Бристол, во моментот кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција кон работното место во собранието. Бомбата била активирана со далечински управувач.
Глигоров се здоби со тешки повреди на главата, но го преживеа нападот. На самото место загина неговиот возач, Алексансар Спировски, телохранителот беше повреден, а на повредите им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер кој случајно се нашол на местото на атентатот.
Беше отворена обемна истрага која се движеше во различни правци, од Мултигруп до Кос, беа проверени илјадници објекти и испрашани стотици луѓе, но ниту нарачателите, ниту извршителите не беа никогаш откриени. Глигоров почина на 1-ви јануари 2012 година.
