Образование

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во посета на Ректоратот на Битолскиот универзитет

03.10.2022 11:49

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на почетокот на новата учебна академска година во Ректорската управа на Битолскиот универзитет на те-та-тет средба со ректорот и деканите на оваа високонаучно образовна институција. Во преден план вели ќе биде подобрување на условите за работа, но и подигање на рејтингот на нашите универзитети. Ресорниот министер се осврна и на проблемите со учебниците во основното и средното образование...

На првиот ден од новата 43-та академска учебна година ресорниот министер Шаќири во работна посета на Ректорската управа на нашиот второформиран универзитет. Оваа високонаочнообразовна институција несомнено има дадено голем придонес во развојот на високото образование во земјава. Но јас досега повеќепати имам кажано дека само со заедничка соработка на сите чинители можеме да создаваме почитувани високонаучни вредности. Предлозите од интеруниверзитетската конференција ќе ги земам во предвид во евентуалните нови законски одредби во високото образование, порача министерот Шаќири.

Визијата на новиот ректор е во следните три години бројката на бруцоши да се движи на годинешново ниво од околу 1.100 новозапишани студенти а развојните компоненти ги гледа во еден нов концепт.

На новинарско прашање за проблемите со учебници во основното и средното образование Шаќири рече дека се формира Совет кој ќе работи на раздвижување на овој процес.

Стевче Митревски