МТСП

1.608 жртви на семејно насилство за една година

03.10.2022 12:41

За само една година над 1.608 жртви на семејно насилство. Пет пати повеќе се жени. Може да се спречи само со економско јакнење. Невладините со став-луѓето не реагираат на она што го слушаат и гледаат...

1.608 жртви на семејно насилство за една година, покажува евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика за 2021-ва. 274 се мажи, 1.119 се жени, 215 деца. Во моментов во центрите за сместување има 58 жени. Најстрашно е што луѓето стануваат имуни и не реагираат на насилството коешто го слушаат и го гледаат, предупредуваат невладините организации.

Слична е сликата во регионов. Албанската жена го крие насилството, кое тешко се прикрива, велат невладини од соседната земја. Насилниците најчесто се таткото, братот, сопругот, партнерот.

Според невладините од Србија, излез секогаш постои. Насилството единствено може да се спречи со економско јакнење на жената.

„Ситуацијата е полоша од ден на ден, а статистиката од година на година е сè повисока. До денеска во семејно насилство се убиени 26 жени. Жртвите се убиени од партнерите или поранешните партнери, а најголемиот дел се убиени во месец јули. Страшно е што насилството не ги поштедува и децата“, изјави Ивана Стошиќ, Ромски центар за демократија од Република Србија.

Според истражувањата, последните 2 години, семејното насилство е во пораст за 36 процени, главен виновник е пандемијата на Ковид-19.

Александра Спировска