Вешти лица од Судска медицина и областа на психијатријата сведочеа на судењето за убиството на Денис Тот
Вештото лице од областа на психијатријата, пак посочи дека ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност кога ги прегледал...

Со изведување на докази од обвинителството, во Скопскиот кривичен суд продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во градскиот парк во Скопје. Вештакот посочи дека како причина за смртта на сега покојниот Тот било нагмечувањето на ’рбетниот и големиот мозок.
Тоа настанало поради дејство на тапо-тврда сила која предизвикала ротација на главата, а со тоа и последователна повреда на ’рбетниот мозок. Вештото лице од областа на психијатријата, пак посочи дека ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност кога ги прегледал.
Одбраната во своите воведни зборови кажа дека во текот на постапката ќе докажува дека не постои умисла за убиство. Обвинителството, тврди дека располага со цврсти докази за делото „убиство“ кое им се става на товар на Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Тие изјавија дека не се чувствуваат виновни.
