ИН МЕМОРИАМ - Стојан Димовски
22.04.2014 21:08
Денеска ненадејно на 80 годишна возраст почина Стојан Димовски поранешен генерален директор на Македонската радио телевизија.
Во својата долгогодишна кариера, меѓу другото, беше и член на Претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија и југословенски амбасадор во Уругвај. Посмртните останки на Стојан Димовски ќе бидат изложени на градските гробишта во Бутел на 23 април 2014 година од 13 - 14 часот.
