Додик води пред Тривиќ во трката за претседател
Според податоците на Централната изборна комисија на БиХ, Милорад Додик е во водство за претседател на Република Српска и освои речиси 242.000 гласови...

Според податоците на Централната изборна комисија на БиХ, Милорад Додик е во водство за претседател на Република Српска и освои речиси 242.000 гласови.
Јелена Тривиќ, која сношти прогласи победа сега е зад него со освоени 212.400 гласови. Таа го порази Додик во Бања Лука, меѓутоа изгуби поддршка од граѓаните во другите поголеми градови.
Додик за време на изборната кампања ги потенцираше своите добри односи со Кина и Унгарија, а пред сè со Путин со кого се сретна во јуни годинава. На општите избори во земјата граѓаните избираа членови на претседателството, претставници во Државниот парламент, претставници во Парламентот на федерацијата БиХ, Националното собрание на Република Српска, како и претставници во десет собранија на кантони во БиХ.
