Прилеп

Прилепските стопанственици со барање, државата да им ја субвенционира цената на струјата

03.10.2022 17:35

Прилепското стопанство е во опасност од колапс ако не се субвенционира цената на струјата која моментално на берзите варира и достигнува 500-600 па и 900 евра за мегават. Можноста за 250 евра, а сето што е повеќе да субвенционира државата би била солидна за планирање, а не за намалување на производството...

Прилепското стопанство нетрпеливо чека државни субвенции за трошоците за струјата, зашто ситуацијата е крајно тешка. Во ситуација кога берзанските цени „дивеат“, од 500-600, па и на моменти до 800 евра за мегават час и 500 пати зголемени трошоци, доведени се во прашање производството и функционирањето на фирмите. Најавата за 250 евра од мегават, а разликата да ја плаќа државата, би помогнало.

Ниту едно стопанство, а ни прилепското кое е кревко, во ваква ситуација не може да опстои препуштено само на себе.

Стопанството се обидува да ги преживее електрошоковите, а крајно тешко ќе биде без државна помош.

Елизабета Митреска