Индијана изедначи, Антиќ под нивото

23.04.2014 09:54

Нашиот интернационалец не навикна на солидни партии во НБА лигата, но во синоќешната постигна само 5 поени за 25 минути поминати на паркетот. Индијана успеа да изедначи на 1.1 во источната серија со убедливиот триумф од 85:101 во дуелот со Атланта, но Хокс се уште имаат брејк од првата средба.
 
Перо Антиќ погоди само два шута од поле од 9 упатени кон кошот на Пејсерс, 1/5 за три поени и 1/4 за два поена. Тимот на Атланта имаше генерално лоша вечер, со под 40% вкупен шут од поле, а Индијана отиде на преку 52% што беше клун на натпреварот. Пол Џорџ постигна 27 поени со 6 скока кај победникот, а Луис Скола имаше 20 поени. Пол Милсап со 19 беше најдобар стрелец кај поразените.
 
Серијата од првото коло во НБА лигата се сели на теренот на Хокс, се игра до 4 победи.
 
На другите две средби од НБА понудата, Визардс неочекувано поведоа со 0:2 во дуелот со Чикаго по победата и во вториот меч (99:101 ОТ) кај тимот со подобар учинок и со предност домашен терен, а Бруклин загуби од Торонто со 95:100 со што Репторс изедначија на 1:1.