Почна распределбата на зелената нафта
Скоро 50.000 земјоделци ќе добијат електронска картичка за субвенционирано гориво за обработка на нивите. За оваа мерка се обезбедени скоро 252 милиони денари. Финансиската поддршка е 50 проценти од трошоците за набавка на дизел гориво, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство...

Скоро 50.000 земјоделци од целата држава ќе добијат електронска картичка за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација, а им следува не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство.
Обезбедени се вкупно 250 милиони денари, a субвенцијата е 50 проценти од трошоците за обработка на насадот на нивата.
Висината на поддршката зависи од видот на културата и големината на површината која е пријавена во барањата за финансиска помош. Корисници се полјоделците, овоштарите, лозарите и градинарите.
За пченица, јачмен, пченка,’рж, овес, ориз, тритикале, хељда и просо поддршката изнесува 1.400 денари по хектар.
За хмељ, лен, леќа, кикиритки, соја, сончоглед, маслодајна, шеќерна и добиточна репка, афион, памук, добиточен грашок и луцерка поддршката е 2.119, а за градинарските и лозовите култури 4.238 денари по хектар.
Во овоштарството субвенцијата изнесува 5.273, а за ореви и костени 2.636 денар и по хектар.
Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата.
Методија Трајков
