Собрание
Комисиска расправа за избор на уставни судии
04.10.2022 09:14
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска две седници ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска две седници ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На првата 20-та седница, Комисијата треба да ја утврди Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“.
По завршување на оваа седница закажано е продолжението на 13-та седница на која членовите на Комисијата треба да дискутираат по Предлогот за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
