Лансирана нова ракета, Јапонија активираше авиони
Јапонија активираше борбени авиони, откако Северна Кореја лансираше нова балистичка ракета со среден дострел, што го прелета северниот дел од земјата...

Јапонија активираше борбени авиони, откако Северна Кореја лансираше нова балистичка ракета со среден дострел, што го прелета северниот дел од земјата. Властите во Токио наредија евакуација на луѓето на островот Хокаидо и го прекинаа железничкиот сообраќај. Јапонското министерство за одбрана нареди да се пронајдат остатоците од проектилот.
„Серијата акции на Северна Кореја, вклучително и нејзиното ракетно истрелување кое упорно и еднострано ескалира провокација, ја загрозува Јапонија и регионот, како и меѓународната заедница. Без разлика какви се намерите, повторените лансирања на балистички ракети од Северна Кореја се апсолутно недозволиви и не можеме да ја занемариме нејзината напредна ракетна технологија“, рече Јасуказу Хамада, министер за одбрана на Јапонија.
Според јапонските власти, растојанието на летот од околу 4.600 километри е најдолго меѓу минатите ракети лансирани од Северна Кореја.
