Шведска подморница ќе го истражува инцидентот
Шведска испраќа нуркачки брод на местото на минатонеделната експлозија на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичко море, за да го истражи инцидентот што го оневозможи транспортот на руски гас...

Шведска испраќа нуркачки брод на местото на минатонеделната експлозија на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичко море, за да го истражи инцидентот што го оневозможи транспортот на руски гас. Европските власти се сомневаат во саботажа, додека Москва инцидентот се обиде да го препише на западот, посочувајќи дека САД имаат корист од тоа. Во меѓувреме борбите во Украина продолжуваат. Киев тврди оти вооружените сили успешно ја продолжуваат контраофанзивата.
„Се повеќе и повеќе окупатори се обидуваат да избегаат, се повеќе и повеќе жртви трпи непријателската армија, а расте разбирањето дека Русија направи грешка со тоа што војуваше против Украина“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Во обраќањето, претседателот Зеленски објави и дека околу 200 украински борци кои со месеци беа заробени од непријателот, повторно се обединија со нивните семејства.
