Хаити
Нереди на улиците се бара оставка од премиерот
04.10.2022 09:53
Демонстрациите на улиците во Порт-о-Пренс прераснаа во крваво насилство откако илјадници луѓе излегоа да бараат оставка од премиерот на Хаити, Ариел Хенри...

Демонстрациите на улиците во Порт-о-Пренс прераснаа во крваво насилство откако илјадници луѓе излегоа да бараат оставка од премиерот на Хаити, Ариел Хенри.
Две лица завршиле со прострелни рани. Биле застрелани од полицијата која се обидувала да ја разбие толпата. Хаити е соочен со економска криза и станува сè понестабилен по атентатот на претседателот Џовенел Мојсе во 2021-та, при што бандите стануваат се посилни бидејќи администрацијата на Хенри сè уште нема датум за општи избори закажани да се одржат минатата година.
