САД
Аризона зафатена од торнадо
04.10.2022 09:53
Додека жителите на Флорида и натаму ги чувствуваат последиците од ураганот Иан, силно невреме ја погоди Аризона...

Додека жителите на Флорида и натаму ги чувствуваат последиците од ураганот Иан, силно невреме ја погоди Аризона.
Регистрирано е торнадо во близина на Вилијамс, на Гранд Кањон, додека бура од прашина го зафати Феникс, намалувајќи ја видливоста.
Оштетени се десетици домови, паднати далноводи, а има и прекини во струјата, но властите велат оти нема пријавени повредени.
