Влада
Ковачевски и Мицкоски ќе се сретнат во Владата, во фокусот енергетската криза
04.10.2022 10:02
Мицкоски на средбата ќе дојде со економскиот тим на партијата и се очекува главна тема на разговорите да биде справувањето со економската криза...

За денеска закажана средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Владата. Мицкоски на средбата ќе дојде со економскиот тим на партијата и се очекува главна тема на разговорите да биде справувањето со економската криза.
Според најавите, средбата е закажана да се одржи во 16 часот, за што потврда пристигна и од Владата и од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред да падне договор за денешната средба, од Владата го поканија Мицкоски на следниот состанок на Економскиот совет.
