Синдикатот на УКИМ денеска на средба во Владата
По барање на синдикатот на УКИМ денеска ќе се одржи средба во Владата на која треба да се разговара за барањата на синдикатот. Потпишување колективен договор на ниво на работодавец, зголемување на платите на вработените и подобрување на статусот на УКИМ во општеството, се барањата на синдикатот на УКИМ.

Во соопштението од синдикатот велат дека очекуваат од Владата да ги прифати нивните барања за надминување на исклучително тешката материјална состојба на вработените на УКИМ, за обезбедување на достоинствен живот на наставниот и ненаставниот кадар и развој на високото образование и науката.