Отворено 31. издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“
Со балетските претстави „Валпургиска ноќ“ и Кармен во изведба на Македонската опеа и балет синоќа во Битола се отвори 31. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. Во следните девет дена ќе настапат врвни уметници од повеќе земји. Посебен предизвик се очекува да бидат концертите кој главно ќе се одржат во салата на Офицерскиот дом...

Од синоќа па се до 12-ти месецов вдолж Широк сокак ќе одекнуваат звуците на класичната музика. На отворањето балетските претстави „Валпургиска ноќ“ и „Кармен“ во изведба на Македонската опера и балет. Синоќа беше задоволство да се види дека духот на долгата традиција што на ова поле ја негува градот на клавирите е присутен и кај младата публика.
Хроничарите на градот кој некогаш броел и над 500 клавири добро знаат што значи да се зачекори во четвртата деценија на опстојување на овој фестивал со своја посвета за организаторите.
И на годинешново издание ќе настапат врвни класичари од повеќе земји. Сепак поради ставањето во концертна функција на познатото пијано „Безендорфер“ и историските факти посебна атракција се очекува да биде настапот на еминентниот турски пијанист Хусеин Сермет.
Во рамките на десетдневниот фестивал предвидено е да има ликовна изложба, поетска вечер и театарска претстава со што ја испраќа пораката дека обединува повеќе уметности.
Стевче Митревски
