Обвинителство

Обвинение за Мухамед Зекири, се товари дека го оштетил буџетот околу 1,5 милиони евра

04.10.2022 12:57

Во соопштението од Обвинителството се наведува дека освен Зеќири обвинети се и хрватски државјани, дел од фирмата која обавувала консултантски услуги без да бидат избрани на тендер...

Поднесено обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата – Мухамед Зеќири. Се товари за злоупотреба на службената положба, дека без тендер склучил два договора и избрал фирми на кои им исплаќал пари со што буџетот го оштетил за речиси 1,5 милиони евра.

Во соопштението од Обвинителството се наведува дека освен Зеќири обвинети се и хрватски државјани, дел од фирмата која обавувала консултантски услуги без да бидат избрани на тендер. Едниот договор се однесува на постапка за проценка на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта, додека вториот договор е за консултантски услуги, за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници.

Сметајќи дека сè уште постојат околности врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката куќен притвор, предметниот обвинител на судот му предложи нејзино продолжување, се вели во соопштението од Обвинителството.