Собрание
Оставката на Милевски доставена до Собранието
04.10.2022 13:18
Владата ја испрати оставката на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски до Собранието. Доставена е до пратениците. Се чека седницата на којашто треба да биде констатирана...

Владата ја испрати оставката на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски до Собранието. Доставена е до пратениците. Се чека седницата на којашто треба да биде констатирана.
Извесно е дека во фотелјата на Милевски ќе седне уште еден добро познат кадар на ЛДП, поранешен претседател на оваа партија и некогашен градоначалник на Скопје, Ристо Пенов. Милевски на 20-ти септември поднесе оставка од функцијата, од како што наведе, лични причини.
