САД

Трамп го тужи Си-ен-ен за клевета, бара 475 милиони долари

04.10.2022 13:42

Трамп образложи дека во еден случај бил спореден и со Хитлер, а критиките кулминирале откако најавил кандидатура на изборите во 2024 година...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи медиумската куќа Си-ен-ен за клевета. Бара отштета од 475 милиони долари од телевизијата која, според него, го искористила своето влијание да му нанесе политички пораз.

Трамп образложи дека во еден случај бил спореден и со Хитлер, а критиките кулминирале откако најавил кандидатура на изборите во 2024 година.