Почна средбата на Ахмети со „Огнена група“
Во седиштето на Демократската унија за интеграција во тетовска Речица пристигнаа претседателот Али Ахмети како и членовите на така наречената „Огнена група“ – Садула Дураку, Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити и Невзат Бејта...

Во седиштето на Демократската унија за интеграција во тетовска Речица пристигнаа претседателот Али Ахмети како и членовите на така наречената „Огнена група“ – Садула Дураку, Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити и Невзат Бејта.
На прашањата од новинарите што очекуваат Изет Меџити рече дека ќе се разговара. Ќе разговараме како и секогаш, рече кратко Меџити, кој на прашањето дали очекува примирје истакна дека новинарите ќе бидат известени.
Ова е втора ваква средба откако во четвртокот на 29-ти септември Ахмети имаше состаноци со ограноците од Чаир и Сарај, а меѓу нив беа и Изет Меџити и Блерим Беџети. На 24-ти септември медиумите за прв пат го објавија писмото со кое функционери на ДУИ, кои се нарекоа „Огнена група“, до раководството на партијата, побараа да запре „војната“ во партијата, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност.
