Ракомет

Се посјајно ѕвезденото вардарово небо!

23.04.2014 10:26

Ѕвездениот тим на ракометниот мак шампион Вардар се проширува. Со потпис за црвено-црна верност во следните три години се обврза Хрватскиот репрезентативец Блаженко Лацковиќ. 33 годишниот лев бек до крајов на сезоната ќе си одработи за актуелниот сеуште бранител на Европскиот трон, Хамбург, сензационално елиминираниот од шансата за одбрана токму, од неговиот иден клуб Вардар. 

CV-то на Блаженко преполно. Има освоено и на клубско и на репрезентативно ниво буквално се што значи врв. Со Хрватска, Олимписко злато 2004-та и бронза 2012-та. Се има закитено и со едно светско злато(2003), две сребра (2005 и 2009) и една бронза(2013). Континенталниот престол е единствената неосвоива златна територија, од таму двете сребра(2008, 2010) и едната бронза(2013) ги има во колекцијата. Во златната палета е и медалот од Медитеранските игри 2001-та.

2009-тата и среброто од планетарниот шампионат, Лацковиќ го смести во ОЛ СТАР тимот.

Клубското портфолио носи и тука најсреќните мигови. Со Хамбург лани ја покори Европа. На првенствени шампионски титули се има радувано во Хрватска со Загреб на три пати, со Хамбург на Германија еднаш. Куп пехарите ги има освојувано со Флензбург и Хамбург, а неговото име е запишано во освојувачкиот тим на Супер Купот 2009-та и 2010-та.

Како тимови во кои давал свој забележителен придонес се Вартекс, Меткович, Загреб, Флензбург и Хамбург.

Жедта за нови трофеи го носи 197 сантиметри високит и 97 килограми тешкиот Лацковиќ во Вардар. Тим кој покажа, а и допрва ќе покажува дека е цврсто решен да гледа кон клупската континентална елита од највисоко.