Образование

Барбареев: Граѓаните ја препознава важноста на квалитетно образование, институциите да се вложат во реформи и вложување во наставата

04.10.2022 15:21

Квалитетно образование носи напредок во општеството, реформите се неопходни, но потребно е државата да вложува во условите за работа и во квалитетот на наставниците. Ова е заклучокот од конференцијата посветена на соработката на училиштата, градинките и локалната заедница, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“...

Бавните реформи и неусогласеноста на програмите во средните училишта со потребите на пазарот на трудот, се слабостите во нашиот образовен систем. За квалитетно образование треба подобри услови за работа и менување на методите во училиштата и факултетите, смета професор Кирил Барбареев. Но најважно е што јавноста ја препознава важноста од квалитетно образование

Квалитетот на образованието зависи и од наставниците. Учителската фела не треба да се запоставува

Дипломираниот наставник Јане Буровски за десеттина години се гледа како министер за образование, со идеја да го врати дигнитетот на учителот

Во пресрет на петти октомври, Светскиот ден на учителот, Факултетот за образовни науки при УГД организираше конференција на тема „Училиштето и заедницата – партнери за поквалитетно образование“.

Славица Величковска