Македонија

„КинеНова“ по 7-ми пат во кино Милениум

04.10.2022 16:25

Со проекција на хрватскиот филм „Чичко“ на режисерите Давид Капац и Андрија Мардешиќ, во кино „Милениум“ ќе се отвори новото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова“, под слоганот „Првиот остава трага“. „Чичко“ е еден под осумте филма кои влегуваат во официјалната конкуренција за фестивалски награди помеѓу другите 7 филмови...

Со проекција на хрватскиот филм „Чичко“ на режисерите Давид Капац и Андрија Мардешиќ, во кино „Милениум“ ќе се отвори новото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова“, под слоганот „Првиот остава трага“. „Чичко“ е еден под осумте филма кои влегуваат во официјалната конкуренција за фестивалски награди помеѓу другите 7 филмови кои доаѓаат од Романија, Полска, Србија, Италија, Турција и од Косово.

За годинашните лауреати во официјалната, но и во селекцијата за краткометражни остварувања, ќе одлучува интернационалното жири во состав Аида Бегиќ (БиХ), Паво Маринковиќ (Хрватска), Елеонора Венинова (С Македонија), Симоне Стараче (Италија) и претседателката на жирито Илдико Енједи, наградуваната унгарска режисерка, која воедно е добитник на Наградата за особен придонес во светската филмска уметност. Таа ќе одржи и мастерклас за публиката, споделувајќи ги своите филмски искуства за снимањето на победникот на Берлинале во 2017 година, филмот „За душата и телото“.

И годинава по 7-ми пат организаторите на домашната публика ќе ѝ ги презентираат актуелните први и втори остварувања на новите режисерски имиња во седмата уметност, а фестивалот ќе се затвори на 14 октомври.