Митинг на ДУИ во Кичево

23.04.2014 09:10

ДУИ работеше и ќе работи за спроведување на вредностите и придовките од рамковниот договор не само за албанците туку за помалите етнички заедници, тврдеше носителот на листата од петтаа изборна единица Муса Џафери пред насобраните жители на Кичево. Ги повика припадниците на турската, ромската и другите заедници повторно да ја поддржат ДУИ како во 2013 за локалните избори.

Ние сакаме во НАТО  за да ги обезбедиме нашите деца да не војуваат, зашто ако не се во НАТО конфликтите може да се повторат. Сакаме во ЕУ за подобра благосостојба и напредок меѓу цивилизираните народи

Нема да гласаме за претседател на 27. Тие немаа храброст за прифатлив кандидат за сите. Им порачувам дека само гласовите на албанците можат да одлучат кој ќе го претставува и води овој народ. Лидерот на ДУИ  рече дека секој изборен циклус ДУИ е се посилна поради сработеното во сите сфери

Не сакаме гласови само од гласачкото тело на ДУИ  туку од сите албанци бидејќи ДУИ со своето дејствување ја зголемува гордоста на идните генераци за следните100 години. Со вас ДУИ  ќе извојува голема победа , бидејќи зближува и помирува, а не разделува.

Ахмети се заблагодари за 12 годишната поддршка и побара 27 април да биде празник за албанците во Македонија.  

Фиљана Кока