Митинг на СДСМ во Аеродром

23.04.2014 11:29

Понудивме чесен концепт за добра иднина на Македонија, беше речено на митингот на социјал демократскиот сојуз во општина Аеродром. Сите ние сме со кренато чело, отворена душа и сакаме заедно да ја градиме оваа наша Македонија, никој од надвор нема да ја спаси татковината. Mакедонија е света земја, да се родиш во Mакедонија е благослов, да живееш во Mакедонија од секогаш било, а и денеска е искушение и предизвик а да се бориш за подобар живот, слобода, демократија е света работа,  рекоа од СДСМ пред граѓаните на Аеродром.

Понудивме чесен концепт за добра иднина на Македонија, беше речено на митингот на социјал демократскиот сојуз во општина Аеродром. Сите ние сме со кренато чело, отворена душа и сакаме заедно да ја градиме оваа наша Македонија, никој од надвор нема да ја спаси татковината. Mакедонија е света земја, да се родиш во Mакедонија е благослов, да живееш во Mакедонија од секогаш било, а и денеска е искушение и предизвик а да се бориш за подобар живот, слобода, демократија е света работа,  рекоа од СДСМ пред граѓаните на Аеродром. Со порака до сите  граѓани на 27 ми во недела масовно да излезат на избори. Пред симпатизерите се обрати Зоран Заев лидерот на Социјал Демократскиот Сојуз, Рената Десковска која е носител на листа во првата изборна единица и кандидатот за претседател предложен од опозициската СДСМ Стево Пендаровски.

Јас сум убеден дека нема поработлив народ  од овој наш народ, господ ни дал одлично поднебје, одлична географска поставеност,  нашиот концепт е искрен, не се работи за личниот интерес туку за интересот на граѓаните и интересот на Македонија рече лидерот на Социјал Демократскиот Сојуз. кандидатските листи во шесте изборни единици се составени од луѓе од различни професии но докажани во своите области велат од Социјал Демократскиот Сојуз. Новиот концепт  на СДСМ е со идеа да се врати средната класа. Програмата која ја имаат тврдат дека предвидува транспарентност и енергичност.  Велат дека визијата  што ја имаат за Македонија е остврлива бидејќи знаеле што и треба на земјата а имале луѓе кои нивната визија можат да ја преточат во реалност. Порачаа дека имаат искрени намери, чесен пристап и чесен концепт за да бараат поддршка од граѓаните. Велат дека се подготвени државата да ја водат чесно и одговорно.

Пред граѓаните во Аеродром се обрати и кандидатот за претседател предложен од Социјал Демократкиот Сојуз, Стево Пендаровски. Се заблагодари за како што рече одличниот резултат во првиот круг од претседателските избори но побара од аеродромци помасовно да излезат в недела на избори.Приоритетите на кандидатот за претседател предложен  од СДСМ, Пендаровски  се интегрирање на Македонија во Европката Унија и НАТО. Трите точки на кои постојано се осврнува од неговата програма се економија, демографија и демократија.   Во програмата на Стево Пендаровски стои дека човековите права се приоритет а тој би бил адвокат на сите граѓани. Според него претседателот ги претставува граѓаните и го брани нивниот и државниот интерес. Тврди дека ќе застане во одбрана на интересите на граѓаните и државата. Ќе биде човек кој  ќе се грижи и ќе ги почитува интересите на сите. Смета дека поделбите се најголем непријател на една држава и вели дека ќе застане на патот на поделбите и активно ќе работи на обединување на луѓето околу заедничките цели. Пендаровски како приоритети ги издвојува и меѓуетничките односи кои според него се клучната оска на која почива стабилноста на секое мултиетничко општество.  Пендаровски вели дека уставот мора да се почитува а слободите и правото се исклучително значаен сегмент. Во една држава според него мора да владеат правото и демократијата, правосудството, полицијата и сите институции на власта не смеат а да не ја гарантираат правната сигурност за луѓето и за правните субјекти.

Од Социјал Демократскиот Сојуз сметаат дека реформираниот СДСМ со нови сили може да успее.  Велат дека ќе се залагаат за подобрување на економијата, ќе се борат за еднакви права за сите граѓани. Тврдат дека ребрендираниот Социјал Демократски Сојуз ќе сврти нов лист за подобра Македонија.  Оваа држава пред се треба да им служи на граѓаните, граѓаните пред се е новата визија на Социјал Демократскиот Сојуз.