САД

Паѓа рејтингот на Бајден

05.10.2022 09:05

Дводневната национална анкета покажа дека 40 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден, наспроти 41 отсто минатата недела...

Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден дополнително се намали оваа недела и е блиску до најниското ниво во неговиот мандат, покажува истражувањето на Ројтерс и на Ипсос.   

Дводневната национална анкета покажа дека 40 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден, наспроти 41 отсто минатата недела. Рејтингот на американскиот претседател падна на 36 отсто во мај и јуни, поттикнувајќи ги очекувањата дека неговата Демократска партија би можела да ја изгуби контролата врз Претставничкиот дом на САД во ноември, а можеби и врз Сенатот.

Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година, среде пандемијата Ковид-19, со неговиот мандат нарушен од економските последици од глобалната здравствена криза, вклучително и високата инфлација.