Се реконструира театарот во Струмица

23.04.2014 12:09

По 13 години од опожарувањето, конечно се реконструира тетарот во Струмица. Му се враќа душата на градот, но и на актерите кои наскоро ќе заиграат на нова сцена со најсовремена аудио-визуелна опрема

Во тек се активностите за реконструкција на стариот струмички театар. По 35 години, се возобновува театарската куќа која со децении била центар на културниот живот на струмичани. Објектот освен ектериер, ќе добие и автентичен ентериер со декорациите на уметникот Цане Јанкуловски, а со финансиската конструкција од 3,6 милиони евра ќе биде набавена и современо аудио-визуелна опрема.

И во време на економска криза, успеавме да обвезбедиме пари за да го реализираме она што го ветивме на Струмица, рече министерот за финасии Ставревски. Тој посочи, дека со враќањето на сјајот на стариот струмички театар, ќе се врати душата на Струмица.

Стариот струмички театар напуштен во 1979-та, последен пат комплетно беше опожарен во 2001-та година.

Катерина Давчева