СДСМ: Мицкоски за тендери е гласен, за струја од хидроцентралите молчи
Мицкоски е познат по своите бизниси со хидроцентрали тоа е факт што никој не може да го побие, тоа го потврдуваат и официјални документи од институции, велат од СДСМ.

Христијан Мицкоски со денови е гласен за одредени тендери, за фабрикувани лаги и конструирани случаи, но никаде го нема кога треба да се зборува за струјата од неговите хидроцентрали, соопштуваат од владејачката партија.
Мицкоски е познат по своите бизниси со хидроцентрали тоа е факт што никој не може да го побие, тоа го потврдуваат и официјални документи од институции. Денес, самиот тој тврди дека бил загрижен, дека било криза, дека се живеело лошо додека тој се кара внатре во ВМРО-ДПМНЕ за тендери и провизии, велат од СДСМ.
Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните? Ете му шанса на Мицкоски да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза- стои во соопштението.
