МВР
Претрес во Битола, пронајдени кокаин и марихуана, приведен дилер
05.10.2022 09:38
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и други предмети со остатоци од непозната материја.

Вчера во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Ч.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и други предмети со остатоци од непозната материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
