Европарламент
Расправа за проширување на Шенген-зоната
05.10.2022 09:46
Европскиот парламент на денешната седница ќе расправа за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген-зоната...

Европскиот парламент на денешната седница ќе расправа за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген-зоната. Се очекува европратениците да побараат проширување на областа на слободно движење за да ги вклучи сите земји-членки на ЕУ што сакаат да бидат вклучени во неа.
Освен Бугарија и Романија, во моментов надвор од Шенген- зоната се и Хрватска, Кипар и Ирска.
